19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБеа речиси како Грција, но сега бележат раст

Беа речиси како Грција, но сега бележат раст

Забележителното закрепнување на шпанската економија донесе и будење за секторот на недвижнини, можеби најголемата жртва на економската рецесија која ја погоди оваа земја пред седум години.

Според официјалните статистички податоци кои ги пренесува Блумберг, побарувачката за станови во првиот квартал го достигна најголемото ниво во последните шест години.

Побарувачката е особено забележлива во најголемите градови, престолнината Мадрид, како и Барселона каде продажбата на новоизградени станови скокна за 10 проценти.

Поради рецесијата и банкарската криза цените на недвижнините паднаа за 96 проценти во 2013 година, во однос на врвот од 2006 година.

Но, оваа година шпанската економија ќе порасне веќе трета година по ред, и тоа за три проценти. Но, за разлика од претходниот циклус каде градежништвото ја придвижваше економијата, сега тоа го прават извозот и потрошувачката.

„Тоа е важна ралика во однос на минатото“, изјави Феликс Лорес, економист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП