23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите белешки го зголемија стравот, опадна и еврото

Новите белешки го зголемија стравот, опадна и еврото

Официјалните лица на Европската централна банка (ЕЦБ) и понатака се загрижени поради ниската инфлација и покрај напредокот на економијата.

Тоа го покажуваат објавените белешки од последниот состанок во ЕЦБ.

Извештајот од состанокот покажува дека официјалните лица надлежни за референтната камата забележале претерана агресивност кај инвеститорите во размислувањето дека ЕЦБ наскоро ќе ја намали својата програма за поттик.

Во белешките од состанокот се наведува дека е постигнат широк договор дека е потребно да се одржи стабилна монетарната политика.

Еврото вчера опадна после објавувањето на извештајот бидејќи некои инвеститори проценија дека постои поголема внимателност околу стегањето на монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП