28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло со слаб до умерен ветер, температурите до 37 степени

Сончево и топло со слаб до умерен ветер, температурите до 37 степени

Денес во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени. Во Скопје дневната температура ќе достигне 35 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината.

Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има поројни врнежи од дожд и грмежи.

Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП