28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија декласирана на гостувањето кај Милан (видео)

Шкендија декласирана на гостувањето кај Милан (видео)

Милан на „Сан Сиро“ ја декласира Шкендија со 6:0 првиот плејоф натпревар за пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Милан на почетокот на оваа сезона вложи речиси 200 милиони евра во реновирање на тимот, со надеж дека ќе се врати најпрвин во самиот врв на италијанскиот, а потоа и на европскиот фудбал, а моќта на новиот Милан на своја кожа ја почувствува Шкендија која забележа катастрофален пораз 6:0.

„Црвено-црните“ од Милано во двете полувремиња постигнаа по три гола и реваншот во Скопје го направија повеќе од формалност.

Серијата голови во првиот дел ја отвори Андре Силва, ја продолжи Монтоливо, а ја затвори Португалецот Силва.

Во вториот дел головите ги постигнаа Борини, Антонели и Монтоливо.

Реваншот во Скопје ќе се одигра наредниот четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП