28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите на Хајдук накратко го прекинаа мечот на „Гудисон“

Навивачите на Хајдук накратко го прекинаа мечот на „Гудисон“

Натпреварот помеѓу Евертон и Хајдук во плејофот за Лига Европа неколку минути беше во прекин, откако гостинските навивачи во 35.минута предизвикаа вистински хаос на трибината на која се сместени.

Евертон во 30.минута го постигна водечкиот гол преку дефанзивецот Кин, а неколку минути подоцна навивачите на Хајдук започнаа да фрлаат со разни предмети на теренот, а потоа како што јави БиБиСи, фрлале и со столчиња кон соседната трибина на која се сместени домашните навивачи.

Обезбедувањето ги спречило сплитските навивачи да влезат на теренот, а главниот судија Словакот Крузлиак го прекинал мечот.

Натпреварот продолжи, а Евертон по првиот дел води со 2:0. Стрелец на вториот гол е Геје во 44.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП