29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабричкото производство во САД неочекувано се намали во јули

Фабричкото производство во САД неочекувано се намали во јули

Колапсот во производството на автомобили во САД води и до пад во фабричкото производство во јули, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на податоци на Федералните резерви на САД. Тоа се намалува за 0,1% на месечна основа, во јули, откако претходниот месец забележа 0,2% раст. Очекувањата беа ова темпо на раст да се задржи.

Генералното индустриско производство, кое ги вклучува рударството и компаниите за комунални услуги, се зголемува за 0,2 отсто на месечна база во позадина на очекувањата за 0,3% раст. Во јуни зголемувањето беше 0,4 отсто.

Производството на автомобили се намали за 3,6% во јули, што е четврто намалување во последните пет месеци. Иако кога се исклучат автомобилите, фабричкото производство расте, податоците сепак содржат сфери на слабост. Производството на бизнис опрема и градежни материјали пример се намалува за по втор пат во последните три месеци.

Иако индустријата во САД се очекува да продолжи да расте, забрзувањето на краток рок ќе бара поголем раст во побарувачката од страна на домаќинствата, во бизнис инвестициите и во глобалната продажба, коментира „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП