25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLa Cantera Resort & Spa чека на вас (фото)

La Cantera Resort & Spa чека на вас (фото)

Хотелот La Cantera Resort & Spa гордо се простира на дури 550 ари земјиште и се наоѓа во Сан Антонио. Прекрасниот хотел нуди панорамски поглед од скоро 360 степени кон фантастичното природно опкружување во Тексас.

La Cantera Resort & Spa е инспириран од архитектурата на еден од најголемите и најпознати ранчеви во светот, King Ranch, кој се наоѓа во Јужен Тексас. Кога ќе влезете во предворјето на La Cantera Resort & Spa, ќе видите дека лобито на хотелот е изградено така што личи на Big House во King Ranch. Дрвените греди на плафонот, огроминиот камин во предворјето и рустичниот изглед на бои и мебел асоцираат на Big House во King Ranch.

Овој хотел е вистински пример за јужначкото гостопримство, па ги дочекува сите гости со заводливата атмосфера која прави да се чувствувате како да се пристигнале во некој луксузен дом, а не во хотел.

Хотелот поседува дури 496 соби, куќички и луксузни апартмани La Cantera од кои секој поседува огромни кади за релаксација, NEST луксузни производи за бањање и шармантен декор кој е прекрасен микс со многу модерни содржини.

На неговата локација има дури 5 базени вклучувајќи и еден наменет само за возрасни и специјален базен наменет за деца, со два водопади. La Cantera поседува 9 ресторани и барови кои на гостите им пружаат неверојатно кулинарско искуство и се иделано место за уживање и дегустирање на храна и пијалоци.

Овде гостите никако нема да се досадуваат бидејќи може да отидат на многубројните излети во околината, да играат голф или да ги посетат бутиците кои се наоѓаат во хотелот.

Ова е место каде царуваат мирот и спокојот. Овде ќе пронајдете нова смисла во релаксирањето и одморот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП