25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson ќе отпушти 25.000 вработени?

Ericsson ќе отпушти 25.000 вработени?

Производителот на мрежна опрема „Ericsson“ може да скрати околу 25.000 вработени надвор од Шведска, како дел од својата програма за заштеда, објави шведскиот весник „Svenska Dagbladet“, повикувајќи се на анонимни извори.

Во јули „Ericsson“ соопшти дека ќе ги забрза мерките за да ја исполни својата цел за удвојување на својата оперативна маргина од 6% од 2016-та година и да го исполни планот за годишна стапка на намалување на трошоците на барем 10 милијарди круни (1,2 милијарди долари) до средината на 2018-та година, пренесува „Ројтерс“.

„Ericsson“ рече дека мерките ќе ги опфатат претежно услугите за снабдување и вкупните трошоци, додека истражувањата и развојот речиси нема да бидат засегнати.

Компанијата се соочува со се поголема конкуренција од кинеската „Huawei“ и од финската „Nokia“, но поднесените удари и од слабите пазари во развој и намалувањето на трошоците на телекомите, бидејќи побарувачката на опрема за следната генерација „5G“ мрежи ќе се зголеми во следните години.

„Svenska Degbladet“ пишува дека не е јасно дали планираните намалувања вклучуваат вработени кои се занимаваат со медиумските операции, кои се дел од стратешката ревизија на дејноста на фирмата, а аналитичарите сметаат дека е веројатно да бидат продадени од групата.

„„Ericsson“ не наведе одредени единици или земји кои ќе бидат погодени. Премногу е рано да се зборува за конкретни мерки или да исклучиме некоја земја“, посочува „Ericsson“ во соопштението на веб-страница.

„Ericsson“ има околу 109.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП