28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООхрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се одржи в сабота во водите на Охридското езеро. Учеството на 31 издание на маратонот, кој се плива на патеката „Климе Савин“, чија должина е 30 километри, го пријавија 22 пливачи (15 во машка и 7 во женска конкуренција).

„За нас како Општина Охрид, за институција која се грижи за најголем дел од културните и спортските манифестации ни припадна честа да бидиме главни организиратори со што ќе ги преземеме финансиски обврски и логистиката и техничката организација. Ние и сите чинители во организацијата ќе дадеме се од себе и ова 31-во издание на маратонот да биде организирано на високо ниво, онака како што налага долгата традиција на оваа спортска манифестација која преставува еден од амбасадорите на Охрид и нашата држава“, рече на прес конференцијата охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Минатата година во машка конкуренција победи Томи Стефаноски, а во женска триумфираше Русинката Олга Козидук . Оваа година учеството на мартонската трка го пријавија тројца Македонци Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

„Не сакам да се навраќам на тоа што се случи минатата година, но добро е што извлеков поука и научив многу работи. Сигурно дека тоа ќе биде мотив повеќе за мене и нескромно најавувам дека одам на победа. Години наназад во Охрид сум во потесниот круг, а сега сум и во добра форма и нема потреба да ги кријам моите амбиции“, рече Поп-Ацев, кој триумфираше на маратонот пред две години.

Преставникот на ФИНА на пливачите им посака мирно езеро, добро здравје и добра трка. Охридскиот маратон е трет и претпоследен во Гран при серијата. Светскиот куп во отворени води завршува во Капри, Наполи на почетокот од септември месец.

Инаку, покровител на маратонот е претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, главен организиратор е Општина Охрид заедно со Пливачката федерација на Македонија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортски федерации во Македонија.

Наградниот фонд и оваа година изнесува 10.000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП