18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Банките во Лондон заостануваат во подготовките за преместување во Унијата

ЕЦБ: Банките во Лондон заостануваат во подготовките за преместување во Унијата

Банките, базирани во Велика Британија, кои сакаат да се преселат во земја која ќе остане во Унијата, заостануваат во подготовките. Ова го изјави Забине Лаутеншлегер, која ја предводи надзор единицата во Европската централна банка (ЕЦБ), цитирана од светските агенции.

Меѓународните банки со седиште во Лондон, ризикуваат да го изгубат пристапот до единствениот пазар на ЕУ, кога Велика Британија ќе ја напушти Унијата во 2019-та година. Многу од кредиторите размислуваат да преселат дел од својот бизнис во ЕУ и да побараат дозвола од ЕЦБ.

Според Лаутеншлегер сепак напредокот е побавен отколку што се надеваше. „Искрено, банките не се толку напредни како што би сакале да бидат“, вели таа во соопштението од банката.

„Од банките, сигнализирале интерес да го преселат бизнисот во еврозоната, голем број на големи банки имаат напредок во планирањето. Но сеуште не сме виделе финални решенија“, вели уште Лаутеншлегер.

Според неа, ЕЦБ нема да дава лиценци на „празни лушпи“. Освен тоа Лаутеншлегер очекува банките кои ќе се селат во ЕУ, да ги обноват плановите за реконструкција, кои се активираат во случај на неуспех, набргу откако всушност ќе се преселат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП