25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Рок-симфонија“ ја обедини публикатa во Охрид

„Рок-симфонија“ ја обедини публикатa во Охрид

Голем рок-концерт се одржа синоќа во рамките на фестивалот Охридско лето. Долни Сарај беше претесен за да ја прими многубројната публика која уживаше во проектот „Рок-симфонија“ на Камерниот оркестар од Битола заедно со виртуозот на гитара Влатко Стефановски и солистите Михајло Трајковски – Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсовски.

– Многу сум задоволен што сум дел од овој проект. Ме поканија да учествувам заедно со овие млади. Верувам дека ова е само почеток на една соработка која може и да потрае затоа што навистина се многу вешти, многу подготвени, многу талентирани, и гудачите, и ритам-секцијата, а посебно пејачите кои се навистина фантастични. Материјалот е рокенрол, рокенрол-лектира и рокенрол-литература, која добро им е позната на сите така што навистина уживав – вели македонскиот гитарист со светско реноме, Влатко Стефановски.

Задоволството да се настапува на Охридско лето, според Стефановски, е огромно зашто како што оваа манифестација ја збогатува културната понуда на Охрид во лето.

– Имам голем респект кон фестивалот Охридско лето, кој трае шеесетина години и се труди да ја збогати културната понуда во Охрид. Без Охридско лето не знам како би изгледал Охрид во лето. Знаеме што е туризам, ама ова е нешто друго. Со задоволство бев дел од оваа голема манифестација – вели Влатко Стефановски.

Охриѓанецот Боби Мојсовски, кој успешно ја гради својата музичка кариера, смета дека настапот на Охридско лето е големо искуство.

– Преубаво искуство. Не ми е прв ваков концерт. Пред тоа имав два мои концерта во Минск, Белорусија, каде што исто така настапував со оркестар, но ми е прва соработка со Камерниот оркестар од Битола и навистина ми е мило што ја делев оваа сцена со Влатко Стефановски,- вели Мојсовски.

„Рок-симфонија“ ја обедини публиката од сите генерации, која уживаше во познатите рок-песни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП