24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИстражувањата покажаа: На овие 10 работни места најчесто работат психопати

Истражувањата покажаа: На овие 10 работни места најчесто работат психопати

Работите на некое од наведените работни места или професии? Ако одговорот е „да“ големи се шансите да сте покрај некој психопат.

Според дефиниција, психопати се нарекуваат луѓето кои се без емпатија, социјална одговорност и грижа на совест во однос на луѓето околу себе.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд кое се занимаваше со темата „Психопатите на работните места“ откри кои работни места ги преферираат малку „необичните“ луѓе.

Тие се најчесто деловно прилично успешни бидејќи немаат проблеми со стравот, самоуверени се и многу амбициозни. Како што објасни психологот Кевин Датон, психопатите најчесто бараат работни места на кои можат да ја остварат својата склоност кон целосно исполнување.

Омилени психо-работни места и позиции

1. Директор

2. Адвокат

3. Телевизиски и радио новинар

4. Менаџер за продажба

5. Хирург

6. Новинар

7. Полицаец

8. Свештеник

9. Готвач

10. Државен службеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП