20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTommy Kaira го претстави моделот ZZ

Tommy Kaira го претстави моделот ZZ

TommyKaira_ZZ_EV_2013 (2)

Познатиот јапонски тјунер „Tommy Kaira“ ја претстави модерната инкарнација на својот модел „ZZ“ кој се произведуваше на крајот од деведесетите години од минатиот век.

За потсетување тоа беше компактен спортски двосед кој го придвижуваше мотор на „Nissan“ од 2.0 литри со 4 цилиндри и снага од 185KS, што беше доволно 650 килограми тешкиот автомобил до „стотка“ да дојде за четири секунди.

Со примена на сличната филозофија (компактни димензии, ниска маса и снажен мотор) настана и неговиот наследник кој беше развиен во соработка со компанијата „Green Lord Motors“ (GLM) која ја основале студенти од Универзитетот во Кјото.

Новиот „ZZ“ имено за погон користи електромотор кој развива снага од 225 kW (305KS) и вртежен момент од 415 Nm, a автомобилот до 100 km/h забрзува за 3.9 секунди.

Електричниот „roadster“ е долг 3870 mm, широк 1740 mm и вискок 1140 mm со меѓуосовинско растојание од 2370 mm, додека од неговиот претходник е потежок за 200 килограми и тоа поради батеријата.

На официјалната страна единствен податок за батеријата е таа дека автомобилот со едно полнење може да помине скромни 120 километри.

Новиот „Tommy Kaira ZZ“ на пазарот е достапен уште од минатиот месец и чини осум милиони јени, односно 60.500 евра, несметајќи ги данокот и другите давачки.

И покрај високата цена производителот доби неколку стотини нарачки, иако имаат во план да произведат само 99 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП