23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот синџир супермаркети Target забележа повисока добивка од очекуваната

Американскиот синџир супермаркети Target забележа повисока добивка од очекуваната

Американскиот синџир супермаркети „Target“ забележа повисока добивка од очекуваната за вториот квартал, како и 1,3% раст на т.н. споредлива продажба, откако во текот на една година имаше падови, соопшти „Ројтерс“. Според трговецот на мало тоа главно се должи на присуството на повеќе клиенти и во самите продавници, и онлајн.

На берзанската трговија акциите на компанијата поскапеа за 5% до 57,01 долари за готово. Во вторникот од „Target“ најавија дека ќе го удвојат бројот на помалите продавници. Кон крајот на вториот квартал овој број е 34.

Трговецот на мало вложува напори во текот на неколку години да даде нова насока на бизнисот и во февруари изјави дека агресивно ќе ги промовира своите производи. Освен тоа „Target“ вети да ги држи ниски цените на прехранбените производи, за да се натпреварува со „Wal-Mart“ и „Amazon.com“.

Од „Target“ изјавија дека ќе се фокусираат и на големи инвестиции во онлајн трговија.

Продажбата во продавниците, кои се отворени пред повеќе од 12 месеци, расте со 1,3%, што е повеќе од очекуваното 0,7-процентно зголемување.

Нето добивката сепак се намалува до 672 милиони долари во кварталот, завршен кон крајот на јули. Година порано профитот беше 680 милиони долари.

Кога се исклучат некои елементи, добивката по акција е 1,23 долари, а очекувањата на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, беа за 1,19 долари по акција.

Продажбата расте со 1,6% до 16,43 милијарди долари, што е над очекувањата за вредност од 16,30 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП