23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОколу оваа ставка во CV-то најмногу се мачите, а на работодавците им...

Околу оваа ставка во CV-то најмногу се мачите, а на работодавците им е најмалку важна

Директорката за човекови ресурси во Фејсбук Амбра Бенџамин открива по кој систем денес повеќето работодавци ги вработуваат потенцијалните вработени.

Ако барате работа, тогаш сигурно знаете колку тоа може да биде долг и напорен процес.

За да ја добијат работата, многу лица одвојуваат многу часови за да состават совршена работна биографија и да го импресионираат работодавецот.

Сепак, постои една ставка на која сепак не би требало да трошите премногу време, бидејќи повеќето работодавци ја игнорираат.

Станува збор за образованието!

Да, добро прочитавте, дипломата за која со години сте се мачеле за да ја добиете и да ја имате во вашата деловна биографија, на работоваците не им е баш најважната работа.

Амбра Бенџамин од Фејсбук го потврди ова и истакна дека „Со години прегледувам работни биографии и таа ставка најчесто ја прескокнувам“.

Амбра потоа додаде дека на работодавците искуството им е многу поважно од образованието, и всушност на многумина им е водечки критериум за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП