20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната и ЕУ останува без промена во јули

Инфлацијата во еврозоната и ЕУ останува без промена во јули

Инфлацијата во еврозоната останува без промена на годишна основа, во јули – на ниво од 1,3%, во споредба со јуни 2017-та година, покажуваат последните податоци на „Еуростат“.

Во споредба со истиот период од минатата година, сепак се забележува сериозно забрзување, а инфлацијата во регионот тогаш била на ниво од само 0,2%.

Инфлацијата во Европската унија (ЕУ) во јули исто така, останува без промена на ниво од 1,5% на годишна основа во однос на претходниот месец.

Во споредба со истиот период минатата година, сепак и тука се забележува забрзување, а во јули 2016-та година инфлацијата беше на исто ниво како и во зоната со единствена валута – 0,2%.

Две земји предвидоа дефлација во јули на месечна база – Ирска (-0,2%) и Кипар (-0,1%). Најслаба инфлација пак забележуваат Бугарија и Финска (по 0,6%).

Најсилно зголемување на потрошувачките цени е регистрирано во Литванија (4,1%), Естонија (3,9%), Летонија и Велика Британија (по 2,6%).

Наспроти јуни 2017-та година годишната инфлација се забавила во четири земји членки, останала без промена во осум и се забрза во 16.

Најголем пораст влијание врз инфлацијата во еврозоната имале услугите за сместување (+0,10 процентни поени), пакет празници (+0,06 пр.п.) и воздушниот транспорт (0,05 пр.п.). Негативно пак се одразиле телекомуникациите (-0,11 пр.п.), зеленчукот (-0,05 пр.п.) и плодовите (-0,04%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП