24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводителите масовно го бојкотираат саeмот во Франкфурт

Производителите масовно го бојкотираат саeмот во Франкфурт

Големите автомобилски саеми продолжуваат да привлекуваат сé помалку производители и саемот во Франкфурт, кој ќе се одржи од 12-ти до 24-ти септември, не прави исклучоци. Повеќе од 10 големи брендови нема да ги покажат автомобилите, а за некои од нив откажувањето од учеството е доста изненадувачки.

За „Volvo“ веќе е познато дека уште пред една година ја смени стратегијата и претпочита да го рекламира своето производство на друг начин, па отсуството на Швеѓаните не е изненадување. Од листата сепак отсуствува „Rolls-Royce“, на пример, а тоа значи дека посетителите на саемот нема да го видат новиот „Phantom“, кој беше прогласен за најдобар луксузен автомобил на планетата.

Британскиот производител е дел од групата „BMW“ која ќе биде претставена со истоимениот бренд, како и со брендот „MINI“. За Баварците саемот е важен, бидејќи најверојатно ќе го претстават новиот кросовер „X7“. А за новиот „Phantom“ очигледно е замислен спектакуларен настап пред публика, кој ќе се одржи на друго место.

Концернот „PSA“ нема да доведе во Германија две од марките – „Peugeot“ и „DS“. Очигледно Французите ќе се посветат на претставувањето на новата придобивка „Opel“. Нивните колеги од „Renault-Nissan“, за возврат ќе „поминат“ без јапонските брендови „Nissan“, „Infiniti“ и „Mitsubishi“ кои нема да учествуваат во манифестацијата.

Автосаемот го пропушта и Концернот „FCA“, а таму причините се економски. Новите модели на марките „Alfa Romeo“, „Fiat“ и „Jeep“ веќе беа претставени на европската публика, а да се трошат пари за ажурирани верзии не е во стилот на прагматичниот Серџио Маркионе.

Од финансиски причини нема да ги видиме и производите на „Tesla“. Американскиот производител на електрични возила е фокусиран на проширувањето на производството на новиот „Model 3“, што ќе чини околу 1,8 милијарди долари.

Експертите сметаат дека економскиот аспект на средствата воопшто не е главната причина поради која производителите го бојкотираат саемот во Франкфурт. Прво, овој саем е направен најмногу за локалните компании, на кои се даваат најубавите и најпривлечните штандови за посетителите, додека странските брендови остануваат во позадина. И второ – слични настани со наредени статични автомобили губат популарност во векот на живите и импресивни онлајн-презентации на нови модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП