23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗадолженоста на Американците достигна рекодно ниво

Задолженоста на Американците достигна рекодно ниво

Задолженоста на Американците во вториот овогодишен квартал достигна рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари.

Задолженоста порасна поради умерениот раст на хипотекарните и кредитите за автомобили, а потоа и поради долговите од кредитните картички.

Вкупно, американските домаќинства во вториот овогодишен квартал имале 12,840 милијарди долари долг, што е за 552 милијарди долари повеќе отколку една година претходно, покажуваат податоците на ФЕД.

Од тоа 4,8 проценти се лоши кредити, исто како и во претходниот квартал.

Сепак, на внимателност повикува податокот дека се влошила наплатливоста на долгови од кредитните картички. Полесниот пристап до кредити им овозможилна  заемопримателите со низок кредитен рејтинг пристап до кредитните картички, вели Андру Хаухвоут.

„Во моментов состојбата со ненаплатливост на долгот од кредитните картички би можела да биде ран показател на идните трендови, па тоа внимателно ќе го следиме до степен кога тој раст ќе предвиди понатамошни проблеми на потрошувачите“, изјави тој.

Вкупната задолженост на американските домаќинства сега е за околу 14 проценти над онаа по раздолжувањето предизвикано со финансиската криза во 2007-2009 година и длабоката рецесија, кога беше прекинат 63-годишниот растечки тренд на нивната задолженост.

Во вториот квартал хипотекарните кредити во САД биле издадени во вредност од 8,690 милијарди долари, односно 329 милијарди повеќе отколку лани. Струдентските кредити изнесувале 1,40 милијарди долари или 85 милијарди повеќе, а кредитите за автомобили 1,190 милијарди долари или 55 милијарди повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП