20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонскиот извоз се зголемил за над 13% во јули

Јапонскиот извоз се зголемил за над 13% во јули

Јапонија постигна трговски суфицит за втор месец во јули благодарение на континуираниот раст на извозот. Увозот исто така се зголеми, што уште подразбира дека домашната побарувачка во земјата заздравува, пренесоа „Bloomberg“.

Јапонскиот извоз се зголемил за осми месец по ред во јули, поддржан од слабиот јен и трговијата со САД. Сето ова покажува дека економијата продолжува со силната инерција и во втората половина на годината.

Извозот скокна со 13,4% на годишна основа до 6,5 илјади милијарди јени (59 милијарди долари), додека увозот е зголемен за 16,3% до 6,1 илјада милијарди јени (55 милијарди долари), помогнат од зголемените испораки на нафта и јаглен, покажуваат објавените податоци, цитирани од „AP“.

Трговскиот суфицит е намален за 17% на годишно ниво до 419 милијарди јени (3,8 милијарди долари).

Јапонскиот извоз во САД – главно автомобили, автомобилски делови и машини, скокна со 11,5% до 1,3 илјади милијарди јени (12 милијарди долари). Увозот е зголемен дури посилно – со 14% до 671,7 милијарди јени (6,1 милијарди долари), а се зголемиле испораките на месо и риба.

Увозот на нафта, половина од кој доаѓа од Блискиот Исток, се зголемил за 26% на годишно ниво до 1,2 илјади милијарди јени (11 милијарди долари). Увозот на „ЛНГ“ скокна за 47% на годишна основа, а на јагленот со 68%.

„Извозот најверојатно повторно ќе стане главен двигател на јапонската економија во третиот квартал“, коментира пред „Bloomberg“, Јошимаса Марујама, главен пазарен економист во „SMBC Nikko Securities Inc.“ во Токио. „Сеуште чувствуваме сомнежи колку обновата ќе се води од домашната побарувачка“.

„Глобалната економија се опоравува и јенот останува слаб, иако во последните денови нејзината вредноста благо се зголеми, па средината го поддржува јапонскиот извоз“, дополнува Марујама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП