29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијаните неприкосновени во Европа: Имаат за цела планета

Италијаните неприкосновени во Европа: Имаат за цела планета

Италијанската економија можеби се мачи со закрепнувањето во однос на ривалите од ЕУ, но во една област е непрекосновен лидер – во правењето сладолед.

Побарувачката за оваа ледена посластица направи од Италија најголем производител.

Производителите на сладолед во Италија направиле минатата година 595 милиони литри од оваа ледена посластица, односно познатиот италијански сладолед „gelato“, што претставува 19 проценти од вкупното европско производство.

Таа количина е еднаква на износот од 6,8 милијарди топчиња сладолед, што значи дека Италијаните произведуваат толку што 90 проценти од луѓето на планетата можат да добијат по едно топче.

Ширум Италија постојат повеќе од 19.000 гелатерии, односно специјализирани продавници за сладолед и друг вид на слатки, и секоја година нивниот број расте.

Нивното работење годишно донесува 1,4 милијарди евра. Во бизнисот со сладолед се вработени речиси 69.000 лица во Италија. Секој Италијанец во просек годишно јаде околу сто топчиња сладолед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП