28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen покажа видео со нов SUV

Volkswagen покажа видео со нов SUV

Компанијата „Volkswagen“ покажа видео со новиот компактен кросовер „T-Roc“. Тој ќе се распореди под „Tiguan“ во палетата на германскиот производител.

Информациите за кросоверот засега е скудна, но е познато дека должината ќе биде 4.321 мм, односно колку „VW Golf“. Висината на „T-Roc“ ќе е 1.646 мм, што е за цели 100 мм повеќе од „VW Polo“, чија основа ја користи. Волуменот на багажникот ќе е околу 400 литри.

Компактниот теренец ќе добие каросерија во две бои, како и дигитален панел и „LED“ главни светла кои ќе се нудат како опција. Во кабината ќе се појави и дисплеј со дијагонала од 10 инчи.

Според прелиминарните податоци, во палетата мотори ќе има бензински агрегати со зафатнина од 1,0 и 1,8 литри и моќност од 105 до 190 КС, како и дизел со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри, во развој од 115 до 150 КС. Во опција за менувачи се 6-брзински мануелен или 7-степен автоматски со две спојки. Подоцна ќе излезе и „спортска“ верзија со 2,0-литарски мотор со 300 КС.

Официјалната премиера на „VW T-Roc“ е закажана за 23-ти август, а пред публика кросовер ќе биде прикажан за време на автосаемот во Фракфурт во септември. На пазарот моделот ќе треба да се бори за клиенти со „Nissan Juke“, „Mazda CX-3“ и „Renault Captur“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП