24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна оаза во Тунис (фото)

Луксузна оаза во Тунис (фото)

Доколку се замислувате себе си во егзотично опкружување на туниската оаза додека ве заплискуваат мириси од цветови од портокали тогаш хотелот The Residence Tunis е како создаден за вас.

Покрај луксузната обала на азурното Средоземно море, каде се наоѓа античка Картагена, хотелот Residence Tunis ја комбинира сензуалната елеганција инспирирана од арапско-андалузиското наследство на Тунис со префинетото гостопримство. Пробудете се во раскош на софистицираност поставена долж недопрените плажи.

Ова место кое се наоѓа во близина на обалата, емитува чиста медитеранска магија каде комфорот и доброто расположение на гостите се топ приоритети на персоналот. Хотелот кој е изграден во арапско-андалузискиот стил на архитектура, поседува 155 соби и има 9 апартмани на располагање.

Овој хотел ќе ве заведе со својот микс од бои во комбинација со смирувачки бели и крем тонови како и со обилната употребата на скапоцени материјали како висококвалитетното дрво. Во рамките на хотелот се е подредено на уживање, па на располаѓање ви се Thalasso Spa центарот каде ќе уживате во слободното време и ќе се релаксирате до кога сакате како и голф теренот со 18 дупки.

Вистинската оаза во средина на пустината поседува дури 6 ресторани во кои на мени се разновидни специјалитети, подготвени да ги размазат сетилата и на најкаприциозните гости.

Ова волшебно опкружување на пространи хали, куполасти тавани и засводени лакови го одразува препознатливиот стил на арапско-андалузиската архитектура, комбинирајќи го просторот на палата со интимен амбиент. Луксузните соби за гости ви пружаат елегантен, современ комфор, а при самото доаѓање во хотелот, за добредојде ќе ве пречека ладен чај од нане и пешкири намирисани со есенцијално масло од цветови од портокал.

Добредојдовте во рајот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП