24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook направи мали измени во дизајнот

Facebook направи мали измени во дизајнот

„Facebook“ објави неколку „апдејти“ на начинот на кој ќе изгледаат разговорите во списоците со вести. Коментарите под публикации веќе изгледаат повеќе како размена на пораки во „iPhone“, а секоја од нив ќе се наоѓа во светло сиво „балонче“, пишува „CNNMoney“.

„Сметаме дека „балонче“ за зборување го тера разговорот да изгледа повеќе како размена на реплики меѓу две лица“, тврди продукт менаџерот на „Facebook“, Педи Андервуд.

„Балончето“ е една од вкупно неколкуте промени во мобилните апликации на „Facebook“ и на нејзината веб-страница. Слично на сите „апдејти“, сепак има шанса дури и најмалите од нив да ги налутат потрошувачите.

Следејќи друга популарен тренд, неодамна прифатена и од „Twitter“, профилната слика на корисникот ќе излегуваат во кругови, а не во квадрати. Андервуд тврди дека кружните слики веќе се широко популарни како начин за претставување на поединечни личности.

Иконите кои стојат над листата со вести, исто така се со нов дизајн, а глобусот кој ги покажува новите известувања, веќе е ѕвоно.

Линковите ќе бидат прикажани како поголеми, за да бидат лесни за читање, но ќе се совпаѓаат со широчината на листата со вести.

Навигацијата во горниот дел од страната веќе е стандардизирана, па можете да се вратите во листата со вести без разлика каде сте биле пред тоа. Меѓу другите мали промени се редат и поголемите копчиња за „Like“, „Comment“ и „Share“, како и посилни контрасти меѓу боите, па текстовите да се читливи.

„Facebook“ се надева дека промените ќе ја направат услугата полесна за емпатија. Според зборовите на компанијата сето тоа е резултат на месеци на студии и тестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП