19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа викенд спиете многу, а сепак во понеделник повторно сте уморни? Еве...

За викенд спиете многу, а сепак во понеделник повторно сте уморни? Еве зошто!

Постои биолошка причина зошто во текот на неделата сте уморни иако викендот сте го поминале лежејќи. Според најновите истражувања, спиењето нема да ви помогне да се чувствувате побудни, пишува Бизнис Инсајдер.

Неколку луксузни дополнителни часа сон во текот на викендот, со кои настојуваме да го надоместиме изгубениот сон преку целата недела, е нешто што сите ние мислиме дека е потребно. Но, новите истражувања покажаа дека спиењето не помага во тоа да се чувствуавте побудни. Всушност, тоа предизвикува спротивен ефект. Со тоа се нарушува внатрешниот часовник, толку што неколкуте саати екста сон во текот на викендот ќе ве направат уште поуморни во понеделникот.

Истражувачите од Универзитетот во Тексас (Texas Southwestern Medical Centre) открија дека недостатокот на сон наталожен во текот на неделата може да се надомести така што ќе одите во кревет секој ден осум часа пред вашето вообичаено време за станување, односно да не одите подоцна да си легнете и да не станувате порано. Деноноќниот круг, кој го контролира нашиот „телесен“ односно внатрешен часовник, може во целост да биде нарушен поради промените во спиењето (како што е доцното легнување или доцното станување), поради тоа не можеме да заспиеме во недела навечер а уште потешко можеме да станеме во понеделник наутро. Може да пројдат и неколку дена додека повторно да се воспостави рамнотежа.

Неодамнешното истражување на центарот Lighting Research покажува дека на несаницата делува и изложеноста на различни видови на тела за осветлување. Истражувачите потврдија дека „синото светло“ од екранот на смартфонот, таблетот е исклучително штетно – особено ако сте изложени на него два часа пред да си легнете. Тоа го сузбива мелатонинот, хормон кој нашиот мозок го произведува во текот на „темницата“, што ќе го измамаи нашиот организам да мисли дека е ден, па ќе се чувствуваме „будно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП