20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota подготвува цела палета автономни автомобили за ЛОИ во 2020-та

Toyota подготвува цела палета автономни автомобили за ЛОИ во 2020-та

Компанијата „Toyota“ планира да открие нова автономна технологија за време на Летните Олимписки игри во 2020-та година во Токио. Според главниот менаџер на одделот за развој на јапонскиот производител – Кен Коибучи, најголемиот настан и регионот околу главниот град се идеална комбинација за спроведување на тестови на овој тип возила.

За изданието „Automotive News“, Коибучи одби да открие повеќе детали, но рече дека користените прототипи ќе можат да се појават како сериски автомобили веднаш по Игрите. Премногу е веројатно, автономните автомобили на јапонскиот концерн да се нудат на пазарот под брендот „Lexus“.

Јапонската влада веќе побара од производителот да ги истражува подетално патиштата и автопатите околу главниот град, на кои ќе биде тестирана идната технологија. Во „Toyota“ веќе работат за создавање на специјални мапи, со цел патните делници да бидат опремени со специјални сензори.

Компанијата напорно работи и на новата генерација полуавтономни системи за управување, кои се очекува да се појават кај моделите на „Toyota“ и „Lexus“ уште во 2018-та година. Тогаш треба да бидат откриени информации и за автономните автомобили на производителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП