29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе претерувајте со кафето!

Не претерувајте со кафето!

Доколку немате добар метаболизам, и веќе после една шолја кафе чувствувате вознемиреност, заборавете на овој напиток и прејдете на чаевите. Статистиката покажа дека личностите кои ретко пијат кафе можат да почувствуваат забрзување на срцето.

Умереното консумирање на кафе има повеќекратно позитивно дејство на здравјето. Го намалува ризикот од болести на срцето, инфаркт, шлог, како и појавата на дијабетес тип 2. Сепак, немојте да претерувате. Дневно во просек можете да испиете три-четири шолји кафе, ако ви одговара кафето.

Доколку немате добар метаболизам, и после една шолја чувствувате вознемиреност, заборавете на овој напиток и прејдете на чаевите. Статистиката покажа дека лицата кои ретко пијат кафе можат да почувствуваат забрзување на срцето после секоја голтка.

Страствените љубители би требало да бидат умерени бидејќи предозирањето со кафето може да има бројни негативни последици. Освен несоница, може да се јави и надуеност во стомакот, трнење во рацете и нозете, анксиозност и силни отчукувања на срцето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП