23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети за позитивна работна атмосфера

Неколку совети за позитивна работна атмосфера

Сите посакуваме позитивна работна атмосфера, но свесни сме за фактите дека на работа не можеме секогаш да доаѓаме со насмевка на лицето. Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат во креирањето на продуктивно работно опкружување:

Енергија

Не можете да бидете ентузијастични ако едвај ги држите очите отворени. Пробајте да се храните здраво, спијте доволно и пијте доволно течности за од своето тело да можете да го извлечете максимумот.

Практицирајте позитивен став, без оглед на расположението

Можеби ви избегал автобусот, ви се дупнала гумата од автомобилот, велосипедот, сте го заборавиле паричникот дома или сте се полиле со утринското кафе, но немојте да дозволите да ве завладее чувството на фрустрација. Избегнувајте непрекинато да се жалите и наместо тоа вежбајте позитивен став.

Признајте ги заслугите на оној кој ги заслужил

Сите цениме малку „тапкање по рамо“, затоа потрудете се да ги пофалите колегите кои ќе изнесат добра идеја или ќе направат некоја одлична работа.

Не заборавајте да изговорите „фала“

Немојте да бидете срамежливи кога искажувањето на благодарност е на ред. Доколку се држите до ова правило, со тек на време ќе создадете позитивна и продуктивна работна околина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП