25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот SUV на Aston Martin - 750 коња и камери наместо ретровизори

Првиот SUV на Aston Martin – 750 коња и камери наместо ретровизори

Првиот кросовер во историјата на „Aston Martin“ ќе биде опремен со камери наместо ретровизори, а моќноста на погонскиот агрегат ќе достигне 750 КС. Тоа го објави германското издание „AutoBild“.

Британскиот производител претстави прототип на теренецот со името „DBX“ уште на автосалонот во Женева во 2015-та година. Концептниот модел (на сликите) беше опремен со хибриден агрегат со електромотори во тркалата, комплет литиум-јонски батерии и систем за обновување на кинетичката енергија.

Сериската верзија на моделот ќе ја задржи хибридната модификација, но ќе се појават и верзии со традиционални бензински мотори. Тоа ќе биде 4,0-литарски „V8“ на „Mercedes-Benz“ со моќност од 600 КС и 5,2-литарски V12 со 750 КС.

Кросоверот на „Aston Martin“ ќе се составува во новата фабрика на брендот во Велс. Почетокот на производството е планирано за 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП