20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВтората по големина германска авиокомпанија прогласи банкрот

Втората по големина германска авиокомпанија прогласи банкрот

„Air Berlin“ прогласи банкрот. Втората по големина германска авиокомпанија поднесе во вторникот документи за постапката за прогласување несолвентност, откако најголемиот акционер и кредитор „Etihad Airways“ ги „затегна финансиите“. Поради тоа, компанијата веќе не располагала со позитивна прогноза за развој, објави менаџментот на „Air Berlin“.

Федералната влада ќе ја поддржи компанијата со кредит во износ од 150 милиони евра. „Враќањето на патници до Германија со летови на „Air Berlin“ не би било можно во спротивно“, се вели во заедничко соопштение на Министерствата за економија и за транспорт. Кредитот е поддржан од федерална гаранција.

Во меѓувреме „Lufthansa“ изјави дека ја одржува соработката со федералната влада во напорите за реструктуирање на авиокомпанијата. „Со тоа ќе се обезбеди, меѓу другото, вработените од „Air Berlin“, авиони кои летаат во моментов за „Eurowings“ и „Austrian Airlines“ (подружници на „Lufthansa“), ќе продолжат да бидат оперативни, како во моментов“. Преговорите за купување на делови од групата „Air Berlin“ пак нуделе и можност за пренасочување на персоналот. „„Lufthansa“ има намера да ги доведе овие преговори до брзи и позитивни резултати“.

Акциите на „Lufthansa“ продолжија да поскапуваат во вторникот по веста за стечајот на „Air Berlin“ со над 2%. Акциите на „Air Berlin“ се запрени од трговија.

Сојузот на пилотите „Vereinigung Cockpit“ (VC) објави дека „за вработените на „Air Berlin“ кои вршат одлична работа од создавањето на авиокомпанијата, веста е вистински шок“.

„Etihad“ го пушта „Air Berlin“ како „жежок компир“, иако новите инвеститори покажале интерес, ги критикуваше активностите на арапскиот инвеститор „VC“. „Со тоа инвеститорите од Персискиот залив го покажаа своето вистинско лице“…

„Air Berlin“ врши летови од аеродромот „Тегел“ во Берлин и од Дизелдорф. Флотата се состои од околу 120 авиони. Минатата есен компанијата најави планови за намалување до 1.200 свои вработени и давање под наем на дел од авионскиот парк поради значителни финансиски загуби.

Кон крајот на септември 2016-та година долговите на компанијата беа околу 1 милијарда евра. Околу 40 авиони беа дадени под наем на конкурентната „Lufthansa“. Според податоците на самата компанија минатата година таа превезла 28,9 милиони патници.

Веќе со години „Air Berlin“ лета со загуба. Во 2016-та година таа беше во износ од 780 милиони евра. Ситуацијата се влоши на крајот на март со преминот кон летниот распоред, кога следеше серија на откажувања и доцнења на летовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП