28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто треба да направите кога не „пали“ возилото

Што треба да направите кога не „пали“ возилото

news_42827

Колку пати на сите има се има случено да влезат во автомобил, го ставаат клучот во контакт бравата, вртат и ништо.

Постапката неколку пати  се повторува и повторно ништо, автомобилот не реагира, моторот несака да се стартува. Причините поради кои стартувањето на моторот неможе да се направи може да бидат повеќе:

1. Пред се проверете дали воопшто има струја во акумулаторот, а тоа ќе го сторите така што ќе го запалите светлото во кабината. Ако сијалицата не светне, јасно е дека е во прашање струјата.

2. Потоа следи задолжителна контрола на контактот на акумулаторот, тоа се таканаречените клеми, затоа што се случува да дојде до прекинување на контактот поради влага или долгото нечистење на клемите со метална четка.

3. Ако врската меѓу клемата и акумулаторот е добра, предстои контрола на каблите, така што ќе проверите дали сите споеви се баш како што треба да бидат.

4. Следниот чекор, ако сите претходни проверки покажале исправност, треба да биде контрола на филтерот за гориво.

5. Aко сето тоа не помага веројатно автомобилот останал без струја, затоа што тоа се знаци дека акумулаторот е празен. Во тој случај замолете некој акумулаторот на вашиот автомобил со кабли да го споите со акумулаторот на друго возило, но внимавајте плус да биде на плус и минусот да биде на минус.

6. Не е препорачливо и затоа избегнувајте стартување на возилото со туркање, ако по наведениве проверки моторот несака да стартува.

7. Ако сите овие мерки не ви помогнаа, најверојатно акумулаторот е празен и затоа ќе морате да го наполните или пак да купите нов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП