28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТреба да донесете важна одлука? Најдоброто време да го направите тоа е...

Треба да донесете важна одлука? Најдоброто време да го направите тоа е…

Со денови се премислувате во мислите, ги разгледувате опциите „за“ или „против“ и конечно треба да пресечете и да донесете важна одлука. Според научните истражувања и нивните докази навистина постои најдобро време кога треба да седнете и конечно да одлучите.

Без оглед дали сте утрински и ноќен тип на личност, аргентинските научници откриле дека навистина постои вистинско но и погрешно време за донесување на важни одлуки.

Со проучувањето на стотина најдобри онлајн играчи на шах, од кои секој одиграл најмалку 2.000 партии, истражувачите ја следеле точноста на проценување и донесување на одлуки на испитаниците кои учествувале во истражувањето. Шахистите биле категоризирани според полот, временската зона и тоа дали се утрински или ноќни типови на личности.

Почетната хипотеза била дека утринскиот тип најдобри резултати ќе покаже наутро, а ноќниот навечер. Меѓутоа, резултатите покажале дека индивидуалниот хронотип не влијае значајно на квалитетот на донесување на одлуките. Наместо тоа, квалитетот на донесување на одлуките зависел од времето во денот – сите играчи донесувале попромислени и поточни одлуки наутро!

Без оглед на хронотипот, полот и временската зона, најдоброто време од денот за одлуки е утрото, покажа истражувањето. До попладне способноста за донесување на одлуки бавно се намалувала, а до ноќта донесените одлуки веќе биле ризични и избрзани. Значи доколу навистина треба да донесете важна одлука, која бара вашата целосна концентрација, направете го тоа наутро.

Не случајно се вели: утрото е попаметно од ноќта!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП