24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda ja враќа Felicia како компактен електричен хечбек?

Skoda ja враќа Felicia како компактен електричен хечбек?

Ѕkoda се подготвува за голема офанзива во областа на електричните возила и во нејзините рамки ќе го воскресне моделот „Felicia“, објави „Auto Express“.

„Е-Felicia“ ќе е хечбек со целосно електричен погон, а освен неа ќе има и спортски кросовер на струја, кој се очекува да стане најскапиот автомобил во 122-годишната историја на чешката компанија.

И двата модела би требало да се појават на пазарот во 2020-та година. Електричниот спектар на „Skoda“ ќе дебитира година пред тоа со „plug-in“ хибридна верзија на сегашниот „Superb“ и со целосно електричниот „Citigo“. Тој ќе ја користи целосно новата платформа „МЕВ“ на „Volkswagen“, предвидена за електричен погон.

Најголем интерес кај публиката најверојатно ќе предизвика идниот електричен „SUV“, кој ќе е со спортски црти, а според димензии ќе се наоѓа во средината меѓу „Karoq“ и „Kodiaq“. Чесите го предвидуваат со моќност од околу 300 коњски сили и со максимален досег со едно полнење од 500 км. Цената ќе биде околу 45.000 евра – апсолутен рекорд за брендот, но половина помалку од „Tesla Model X“.

Спортскиот електричен „SUV“ на „Skoda“ најверојатно ќе земе доста од концептот „Vision E“.

Уште не е познато името на идниот автомобил, но од „Skoda“ задржале неколку кои завршуваат на –„q“, вклучувајќи ги „Amiq“, „Eliaq“ и „Anuq“.

За буџетско ориентирани купувачи ќе биде идниот електричен хечбек „Felicia E“ со 170 коњски сили и слична архитектура со претстојниот „Volkswagen I.D“. Новата „Felicia“ ќе е со исти димензии како „Rapid Spaceback“ и ќе чини околу 26.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП