19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПатики кои го менуваат изгледот со еден клик (видео)

Патики кои го менуваат изгледот со еден клик (видео)

Компанијата „ShiftWear“ претстави патики чиј дизајн сопственикот може сам да го промени со помош на својот паметен телефон.

Патиките во себе имаат вграден екран со помош на кој на едноставен начин можете да го менувате нивниот изглед, пишува „TechBlook“.

Овие патики со телефонот се поврзани со помош на „WiFi“ мрежа или „Bluetooth“ врска. Корисникот со помош на апликација на телефонот го избира посакуваниот дизајн на патиките.

Тие се полнат со стандарден полнач, а интересно е и тоа дека имаат опција за полнење за време на одење или трчање, што значително ја олеснува нивната употреба.

Патиките се отпорни на вода и прашина, а корисниците ќе немаат никаков проблем со нивното одржување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП