29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCupra се одделува од Seat

Cupra се одделува од Seat

„Cupra“ – името со кое досега „Seat“ настапуваше во најспортските модификации – отсега ќе се одвои како посебна марка, открива извор близок до главниот извршен директор на компанијата Лука де Мео.

Де Мео и шефот за развој Матијас Рабе одамна планираат да извлечат повеќе корист од богатото искуство на инженерскиот оддел во подготовката на тркачки автомобили.

За таа цел е разработено ново, посебно лого за „Cupra“. Очигледно планот е спортските автомобили да се во посебна единица, како што е случајот со „BMW M“ или „Nissan NISMO“. Тоа ќе му овозможи на „Seat“ да застане поблиску до премиум сегментот и да ја зголеми нормата на профит.

Следниот модел на „Cupra“ ќе биде уште поекстремен „Leon“ наречен „Cupra R“, кој се очекува да дебитира уште во Франкфурт наесен. Потоа ќе дојде спортска верзија на кросоверот „Ateca“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП