24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКоктел од 450 долари

Коктел од 450 долари

Најдобрите луксузни хотели често се фалат со своите кулинарски чуда и специјалитети…

Со нивните ресторани неретко управуваат најдобрите кувари во светот, па затоа тоа воопшто не е чудно. Еден од тие хотели планира со популарниот коктел кој го служи да ја зголеми својата луксузност, а во прашањето е Baccarat Hotel во срцето на Њујорк.

Супериорниот хотел се наоѓа во самиот центар на градот и познат е во целиот свет по своите луксузни услуги. Префинетите соби и апартмани комбинирани се со прекрасно декорирани ентериери, а токму таа убавина го дефинира овој бренд и ги маѓепсува сите негови гости.

Неодамна, овој хотел го откри префинетиот коктел за своите гости кој е богат и неверојатно скапоцен, како што и беше очекувано. Наречен е Sidecar Royal, а во себе комбинира декадентен Remy Martin Louis XIII и Grand Marniner QAuintessence, како и цитрон. Оваа едноставна, но многу луксузна мешавина во хотелот Baccarat се служи во познатите Harcourt чаши, кои се обоени со 24-каратно злато, а се гарнира со златни листови.

Со цена од 450 долари, коктелот кој можете да го нарачате во Les Boisson барот може да биде уште подобар ако со него нарачате и Foie Grass или порција специјални сирења и други деликатеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП