19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри правила да го преживеете шефот кој е вистински „психопат“

Три правила да го преживеете шефот кој е вистински „психопат“

Австрaлискиот автор Дејвид Гилеспи неодамна во својата книга „Ублажување на токсичните луѓе: Наука за идентификување и комуникација со психопатите на работа и дома“ откри дека дури 10 проценти од луѓето имаат психопатски склоности, но дека функционираат во рамките на општеството и законите.

„Науката вели дека психопатите немаат емпатија. Иако се шарманти на почетокот на односот – деловно или приватно, со тек на време покрај нив ќе се чувствате измамено и понижено“. Психопатот црпи сила од хаосот кој го создава. Тие се неверојатно збунувачки луѓе и искрено трауматични“, напоменува Гилеспи кој вели дека не сфатил што ги мотивира, а неговата книга се занимава со истражувања поврзани за психопатите и истовремено е водич со совети како да препознаете психопат и како со него најлесно да функционирате.

Прифатете ја реалноста. Клуч е да го прифатите фактот дека сте жртва на психопат. Секој пат кога ќе се обидете да ги објасните нивните постапки во однос на правилата на однесување кои се однесуваат на просечниот човек ќе бидете збунети. Немојте ни случајно да мислите дека вие можете да го промените начинот на однесување на таа личност.

Вашата позиција е привремена. Никој нормален не може долгорочно да работи за психопатот и да преживее. Најдете си друга рбаота.

Бидете пристојни. Психопатот не ве почитува и никогаш нема да ве почитува. Ќе гледа на вас како на стока. Немојте ни да помислите на тоа да го промените неговото мислење, најдобро што за себе можете да го направите е да му покажете дека тој е подобар од вас во се. Бидете пристојни и човечни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП