18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве поради кои навики донесуваме лоши одлуки

Еве поради кои навики донесуваме лоши одлуки

Сакале или не, мора да признаете дека барем еднаш во животот сте донеле одлука поради која сте се покајале. Но, тоа е дел од животот. Ако ви се чини дека спаѓате во групата на луѓе кои често прават грешки, не грижете се, морате да работите на нив и да ги поправите, но прво морате да разберете зошто тие навики ве саботираат.

1. Неодлучни сте кога треба да донесете одлука. Преголемото рамислување и неодлучноста може да доведат до погрешни одлуки. Ако не сакате да ја донесете, ќе се вртите во круг и нема да можете да донесете добра одлука втемелена на вашата интуиција и фактите.

2. Премногу ги следите другите. Примамливо е да се согласувате со се што другите мислат или работат, но тоа може да доведе до некои прилично лоши одлуки. Ако секогаш ги следите другите нема да можете да формирате сопствени ставови.

3. Никогаш не сте истрајни во своите цели. Ако имате навика непрекинато да се откажувате од своите цели, тоа може да влијае на донесувањето на одлуките. Ако се откажувате кога ќе наидете на препрека, тогаш можете да донесете одлука втемелена само на страв.

4. Премногу се фокусирате на минатото. Важно е од минатите искуства во животот да научите нешто и да се заштитите, но ако само се фокусирате на минатото, можеби ќе ги повторувате истите грешки кога донесувате одлуки. Важно е да барате нови решенија.

5. Ретко се обвинувате себе си. Никој не сака себе си да се обвинува за сопствените проблеми, бидејќи е полесно да го вперите прстот во другиот. За жал, така го саботирате донесувањето на добри одлуки.

6. Премногу размислувате во неизвесните ситуации. Претераното размислување и анализирање на одлуките кои треба да ги донесеме води до несигурност и неизвесност. Нема да и верувате на интуицијата и ќе се чувствувате збунето.

7. Понекогаш ги мешате опциите и фактите. Во теорија сите ја знаеме разликата меѓу опциите и фактите, но повеќето луѓе понекогаш не ја гледаат таа разлика. Ако паднете во оваа замка тоа може да ве одведе до погрешните одлуки. Кога донесувате одлука, прво истражете некои факти. Уверете се дека знаете во што влегувате пред да започнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП