Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,810.00 -0.05%    GRNT 869.15 2.4%    KMB 2,949.90 2.45%    MPT 30,800.00 0%    MTUR 4,554.05 1.2%    STB 932.41 -1.23%    STIL 135.00 0%    TEL 280.00 -0.06%    

Продолжуваат мерките против пожари во шумите во Охрид

Време: 12:24

Датум: август 12, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Во рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид.

Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот.

Во рамки на соработка на Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше реализиран превентивниот проект „Лето без пожари“. Полициски службеници од граничната полиција Регионален центар Запад и претставници на Јавното претпријатие, ја реализираа едукативната кампања со делење флаери и едукативни совети до патниците на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Република Македонија за заштита од пожари и намалување на опасностите по шумите и националните паркови. Една од целите на проектот е јакнење на јавната свест кај граѓаните за неопходната заштита на шумите како национално богатство од пожари, навремено забележување и информирање за настанат пожар до релевантни субјекти за нивна брза реакција, навремено организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Иницијативата за одбрана на Дебар Маало бара да запре издавањето дозволи за градба

    Иницијативата за одбрана на Дебар Маало бара да запре издавањето дозволи за градба

    Иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ го поздравува напорот на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за изградба на монтажен паркинг и поставување заштитни столпчиња…

  • График на денот: Влијанието на вештачката интелигенција врз економијата

    График на денот: Влијанието на вештачката интелигенција врз економијата

    За луѓето кои се најмногу поврзани во технолошкиот сектор, тешко е да се измисли повеќе контроверзна тема од влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, коментира…

  • Прв суфицит после Брегзит

    Прв суфицит после Брегзит

    Велика Британија во јули оваа година оствари прв буџетски суфицит во 15 години, благодарение на приливите по основ на уплатата на данок на доход. Него…

  • Приходите од туризмот во Грција пораснаа за 14,2% во јуни

    Приходите од туризмот во Грција пораснаа за 14,2% во јуни

    Податоците за туризмот, витален извор на пари во длабоко задолжената Грција, сугерираат дека земјата од Југоисточна Европа печали пари од топлите летни денови. Приходите од…

  • По сендвичарата “7-ца”, труење со храна и во познатата скопска гостилница “ДМ”

    По сендвичарата “7-ца”, труење со храна и во познатата скопска гостилница “ДМ”

    Пет лица со знаци на акутно труење од храна побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести откако консумирале храна од скопската „Гостилница ДМ“, соопшти…

  • Крај за рекламирањето на Владата во комерцијалните медиуми

    Крај за рекламирањето на Владата во комерцијалните медиуми

    Владата  го стопира рекламирањето  на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет-портали (со исклучок на социјалните медиуми) и  комуникацијата со граѓаните ќе ја остварува преку…

  • Владата подготвува програма за лична асистенција на лицата со телесна попреченост

    Владата подготвува програма за лична асистенција на лицата со телесна попреченост

    На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата вчера ја разгледа информацијата за воведување програма за лична асистенција на лица со телесна попреченост. Оваа…

  • Царовска: За десеттина години дупката за исплата на пензии е тројно зголемена

    Царовска: За десеттина години дупката за исплата на пензии е тројно зголемена

    „Трансферот на буџески средства во Фондот на пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година и минатата година и тоа…

  • Привремено затворени оперативните сали на Очната клиника

    Привремено затворени оперативните сали на Очната клиника

    Салите за операции се привремено затворени на Клиниката за очни болести. Оттаму испратија соопштение во кое наведуваат дека ќе бидат згрижени само итните случаи. „Клиниката…

  • Извршено авионско снимање на целата територија на Република Македонија

    Извршено авионско снимање на целата територија на Република Македонија

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека во периодот јуни – средина на август вторпат по 2009 година изврши авионско снимање на целата територија…