25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашна витаминска вода: Напиток за кој чезнее секој организам

Домашна витаминска вода: Напиток за кој чезнее секој организам

10593030015756b43079b04405966940_w640

Водата со вкус и ветувачки состојки која за задача има да го одржи фит изгледот на телото всушност е преполна со вештачки засладувачи кои на организамот му прават повеќе штета отколку корист.

Доколку сте еден од оние кои вкусот на обична вода не им е убав, а сакате да уживате во витамински освежувачки напитоци ви преставуваме рецепт за домашна вода на која особено ќе и бидат благодарни дигестивните органи.

Состојки:

– 2 литри вода

– 1 чајна лажица свеж изрендан ѓумбир

– 1 краставица со средна големина

– 1 лимон

– 12 листови нане

Подготовка:

Краставицата и лимонот исецкајте ги на кришки, доколу имате домашни плодови пожелно е да ги користите со кората. Ставете ги во стаклен бокал и додадете ги и останатите состојки и прелијте ги со водата.

Мешавината оставете ја во фрижидер и оставете ја да отстои 8 часа и повремено лесно мешајте.

Состојките во домашната витаминска вода имаат особено погодно делување на стомакот, бидејќи го смируваат варењето, а освен тоа и го ослободуваат телото од наталожените токсини.

Лимонот со познатото изобилство од витамин Ц, ја поттикнува работата на црниот дроб кој е одговорен за прочистување на организмот.

Краставицата содржи 90 проценти вода од која се ослободуваат состојките заслужни за детоксикација на телото.

Ѓумбирот помага во одржувањето на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува и грчевите и помага против мачнина.

Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага во елиминацијата на токсини од телото, а исто така ги ублажува и болките во стомакот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП