16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на туристи во САД за прв пат од 2009 година

Намален бројот на туристи во САД за прв пат од 2009 година

Бројот на туристите во САД е намален за прв пат од 2009 година, како и нивните трошоци, соопшти денеска американското Министерство за трговија, прнесува Франс прес.

Минатата година “меѓународните посетители” биле за 2 проценти помалку во однос на претходната година, а потрошените пари од нивна страна бележат намалување од 1 процент на 245 милијарди долари.

За 2017 година, сепак прелиминарните податоци на Министерството посочуваат зголемување на бројот на туристите.

Најмногу туристи во 2016 година дошле од Канада (19,3 милиони), потоа Мексико (18,7 милиони), Велика Британија (4,6 милиони), Јапонија (3,6 милиони), Кина (3 милиони), Германија (2 милиони) и Јужна Кореја (2 милиони).

За минатата година најмногу потрошиле Кинезите (33 милијарди долари), Мексиканците (20,2 милијарди долари), Индијците (13,6 милијарди долари) и Јужнокорејците (8,6 милијарди долари).

Туристичката индустрија на САД, во која се вработени 7,6 милиони луѓе, изнесува 2,7% од бруто домашниот производ, покажува статистиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП