29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDJI Spark - дрон кој може да се управува со движење на...

DJI Spark – дрон кој може да се управува со движење на рацете (фото+видео)

DJI го претстави најновиот модел на лесен дрон – DJI Spark. Овој едноставен дрон е опремен со миникамера, а неговата главна карактеристика е тоа што може да се управува со движење на рацете.

Благодарение на малите димензии и тежината од само 300 грама, тој е лесно пренослив и го собира во речиси секоја торба. Со миникамерата можете да направите фотографии со резолуција од 12 мегапиксели, и оптички стабилизиран видео запис во резолуција HD 1080 p.

Покрај DJI Spark, во „портфолиото“ на DJI се наоѓа и новиот Mavic Pro, како и Osmo Mobile.

Mavic Pro е компактен дрон опремен со 4К камера за стабилизација на слика и систем за визуелна навигација. Има домет од дури 7 километри, а може да остане во воздух речиси половина час. Со FlightAnatomy може да се позиционира, и да се планира рутата на дронот, што овозможува избегнување на препреки при брзина и до 36 километри на час. Камерата со автофокус ќе овозможи фокусирање на одалеченост од само 0,5 м и може да се заврти за 90 степени за да сними вертикални селфи фотографии и видеа.

Osmo Mobile ги претвора мобилните телефони во прецизни и интелигентни камери. Со користењето сопствената стабилизација со триосен гимбал и технологијата SmoothTrack™, Osmo Mobile му овозможува на корисникот на паметниот телефон едноставно да направи квалитетни фотографии и видеа во движење, а во комбинација со апликацијата DJI GO, фотографиите и видео записите со професионален квалитет можат да се прикажуваат во живо и да се споделуваат на различни социјални мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП