29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi претстави целосно нов модел (фото+видео)

Mitsubishi претстави целосно нов модел (фото+видео)

Компанијата „Mitsubishi“ во рамките на автомобилскиот салон во Индонезија претстави целосно нов модел – семеен миниван со 7 седишта, кој ќе се вика „Xpander“. Автомобилот ќе се нуди во прво време само на домашниот пазар, а догодина ќе почне и извоз во некои земји од Азија.

Димензиите на „Xpander“ се должина од 4475 мм, ширина од 1750 мм и висина од 1700 мм, а тоа му дава поголем внатрешен волумен од сите останати автомобили од оваа класа. Освен тоа седиштата се доволно големи за да може дури на последниот ред удобно да патуваат луѓе со нормална големина.

„Клиентите сакаат токму таков автомобил, идејата на неговото создавање е тој да биде не само практичен, туку и со атрактивен изглед. Целта е неговиот имиџ да биде повисок од оној на конкурентите“, коментира главниот дизајнер на јапонската марка, Цунехиро Кунимото.

Кабината е вкрстување помеѓу миниван и кросовер има огромен број додатоци за чување на различни предмети. Само местата за поставување на чаши или шишиња се 16. Секој ред седишта е опремен со приклучок од 12 волти, како и со „USB“-излези за полнење на паметни телефони и таблети.

Движењето на „Xpander“ се обезбедува од 1,5-литарски бензински мотор со 16 вентили, кој развива моќност од 105 КС. Тој може да се комбинира со 5-брзински мануелен менувач или со 4-степен автоматски. Во сите верзии автомобилот ќе биде само со преден погон.

Продажбата на новиот миниван на „Mitsubishi“ стартуваат наесен, а тој ќе се составува во новата фабрика на компанијата, лоциран на 37 километри од главниот град Џакарта. Цените на „Xpander“ ќе се движат помеѓу 14.000 и 18.500 американски долари. Во компанијата предвидуваат да произведуваат и продаваат по 80.000 примероци од моделот годишно, а од нив 20.000 ќе бидат за извоз. Деновиве ќе излезе и верзија на овој автомобил под брендот „Nissan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП