Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,801.99 -1.64%    BESK 10,275.00 -3%    GRNT 810.00 -0.06%    KMB 3,389.73 -0.22%    MERM 800.00 -20%    MPT 29,500.63 0%    OKTA 3,620.00 0.56%    RMDEN16 94.90 0.11%    RZUS 139.00 3.73%    SBT 2,041.00 -2.86%    STB 940.85 0.03%    STIL 139.03 -4.1%    TETE 2,286.67 2.27%    TKVS 3,110.00 2.98%    TNB 13,581.59 -0.42%    TPLF 1,649.90 1.35%    TTK 947.00 -2.97%    UNI 2,050.00 0%    

Австралија ја истражува најголемата банка во земјата за перење пари

Време: 15:06

Датум: август 11, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) соопшти дека ја истражува најголемата банка во земјата под сомнение за кршење на законот против перењето пари и финансирањето на тероризмот, пренесоа агенциите.

Минатата недела Австралиската служба за финансиско разузнавање (AUSTRAC) се обрати до федералниот суд за 53.700 прекршоци извршени од „Commonwealth Bank of Australia“ (СВА), особено со автомати со депозитни функции.

Регулаторот „ASIC“ објави за возврат дека проверува дали банката ги исполнила обврските за известување на јавноста за информации и корпоративното право, објави пред парламентарната комисија претседателот Грег Медкрафт.

Медкрафт истакна дека раководителите на „СВА“ не го информирале за проблемите со спроведувањето на законите на средба со нив два дена пред тие да бидат објавени јавно во текот на минатата недела.

„Ова е најголемата компанија во земјата и според мене Австралијците можеа да се надеваат на нешто подобро“, посочи Медкрафт, цитиран од агенциите.

„AUSTRAC“ ја обвинува банката дека не и се обезбедени 53.506 извештаи за парични трансакции од над 10.000 австралиски долари преку автоматите помеѓу ноември 2012-та и септември 2015-та година, во вкупна вредност од 624,7 милиони австралиски долари.

„СВА“ е обвинета исто така дека не известила за точниот ден и час или воопшто не ја известила за сомнителните трансакции во вредност од 77 милиони австралиски долари. Банката не е преземено и мерки за следење на некои клиенти дури откако била предупредена за веројатно перење пари, посочува „AUSTRAC“.

Секое од овие нарушувања може да ја чини банката казна од 18 милиони австралиски долари (12 милиони евра), па вкупната сума може да се покаже како колосална.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Приходите на HSBC не успеаја да ги задоволат инвеститорите

    Приходите на HSBC не успеаја да ги задоволат инвеститорите

    Најголемиот кредитор во Европа по пазарна капитализација „HSBC Holdings“ забележа скок на годишната добивка пред даноците под прогнозите и откри план за привлекување на до…

  • KFC затвора ресторани поради недостаток на пилешко

    KFC затвора ресторани поради недостаток на пилешко

    Ланецот ресторани KFC затвори стотина објекти ширум Британија поради недостаток на пилешко месо. Ова разочара многумина љубители на пилешкото по проблемите со новиот систем за дистрибуција.…

  • Deutsche Bank ќе скратува работни места во инвестициското банкарство

    Deutsche Bank ќе скратува работни места во инвестициското банкарство

    „Deutsche Bank“ ќе се ослободи од најмалку 250 работни места во инвестициското банкарство, вклучувајќи во Лондон и САД, пренесоа агенциите, повикувајќи се на запознаен извор,…

  • Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со повици од страна на нејзините инвеститори да направи поделба на акциите и да ја прошири својата база од…

  • Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

    Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

    Кинеските технолошки гиганти „Alibaba Group Holding“ и „Tencent Holdings“ кои имаат вкупна пазарна вредност, еднаква на 1.000 милијарди долари, не запираат со серијата од инвестиции…

  • Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

    Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

    Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип…

  • „Кит Кет“ на „Нестле“ прогласена за најдобра чоколада во светот

    „Кит Кет“ на „Нестле“ прогласена за најдобра чоколада во светот

    Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Нестле“, е прогласена за најдобра во светот, според интернет анкетата во која учествуваа повеќе од 100.000 луѓе, наведува…

  • Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“

    Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“

    Семос Академија распиша Конкурс за доделување стипендии на тема „Звукот на градот“ за академската 2018/2019 година за образовните профили Графички дизајнер и Веб дизајнер. Конкурсот…

  • GE го продава бизнисот со расветни тела

    GE го продава бизнисот со расветни тела

    Американскиот индустриски гигант „General Electric – GE“ постигна договор за продажба на бизнисот со расветни тела во Европа, на Блискиот исток, како и Африка и…

  • Amazon ќе плати парична казна за 4.000 прекршувања на законот

    Amazon ќе плати парична казна за 4.000 прекршувања на законот

    Американската компанија за е-трговија „ Amazon.com“ ќе исплати 1,2 милиони долари за да стави крај на судскиот процес во кој е обвинета за речиси 4.000…