20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија утре под влијание на циклон: Засилен ветер, пороен дожд и пад...

Македонија утре под влијание на циклон: Засилен ветер, пороен дожд и пад на температурите

Под влијание на висински циклон утре во Македонија ќе настапи постепена промена на времето, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.

Кон крајот на денот појава на невреме е можна и во Скопската Котлина.

В недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд.

Дневната температура ќе опадне околу 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП