Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

BMW го покажа серискиот X2 (фото)

Време: 13:40

Датум: август 11, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

Компанијата „BMW“ ги покажа првите официјални фотографии на новиот кросовер „X2“, чија светска премиера ќе се одржи за време на автомобилскиот саем во Франкфурт во септември.

И покрај тоа што е камуфлиран, прототипот во голема мера потсетува на концептуалната верзија на моделот, претставена минатата година. Предниот и задниот дел се идентични, истото важи и за застаклувањето на возилото. Но, недостасуваат некои аеродинамични елементи, како и камерите кои кај концептот ги заменуваше страничните ретровизори.

Засега од „BMW“ не откриваат детали за новиот модел, но е познато дека тој ќе биде изграден на платформата „UKL1“ користена кај кросоверот „X1“ и компактниот „Series 2“. Новите модели на „MINI“ ја користат истата архитектура која е со преден погон, но може да работи и со систем за погон на сите четири тркала.

Се очекува серискиот „BMW X2“ да добие 3-и 4-цилиндрични бензински и дизел мотори. Верзиите со преден погон ќе бидат опремени со рачен менувач, а оние со 4х4 ќе се потпираат на автоматски менувач. Топ-модификацијата ќе биде подготвена од M-делот на баварците, а ќе добие 300 КС.

Производството на „X2“ ќе се одвива на истиот погон, на кој сега се составува „Х1“. Тоа ќе стартува кон крајот на оваа година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дали Polestar ќе направи караван?

    Дали Polestar ќе направи караван?

    Првиот модел на „Polestar“, едноставно именуван „Polestar 1“, кој дебитираше оваа недела, го привлече вниманието, не само од симпатизерите на помоќните и динамични верзии на…

  • Најлуксузниот автомобил во светот ќе добие електрична верзија

    Најлуксузниот автомобил во светот ќе добие електрична верзија

    Британскиот производител на луксузни автомобили „Rolls-Royce“ со цел да остане дел од светските трендови во индустријата е подготвен да понуди електрично возило, изградено на најновата…

  • Планот на Mitsubishi: 11 модели за 3 години

    Планот на Mitsubishi: 11 модели за 3 години

    Јапонската компанија „Mitsubishi“ го претстави својот тригодишен стратешки план за развој, насловен „Drive for Growth“. На крајот од овој период се очекува дека профитот на…

  • Повлечени 1,2 милиони автомобили на Нисан во Јапонија

    Повлечени 1,2 милиони автомобили на Нисан во Јапонија

    Јапонската автомобилска компанија „Нисан“ го запре целокупото производство наменето за домашниот пазар. Компанијата ја тресе скандал во кој неквалификувани работници направиле финална контрола пред испорака…

  • Audi го претстави новиот A7 Sportback (фото+видео)

    Audi го претстави новиот A7 Sportback (фото+видео)

    Германскиот автомобилски гигант „Audi“ официјално ја претстави новата генерација на својот „A7 Sportback“, чија продажба ќе започне во почетокот на 2018-та година. Моделот е изграден…

  • Porsche ги претстави новите Cayman GTS и Boxster GTS (фото)

    Porsche ги претстави новите Cayman GTS и Boxster GTS (фото)

    Германскиот производител „Porsche“ официјално ги претстави новите „надуени“ модели „718 Cayman GTS“ и „718 Boxster GTS“, моделите за 2018-та година. Возилата добиле зголемена моќност и…

  • Првото моќно купе на Polestar (фото+видео)

    Првото моќно купе на Polestar (фото+видео)

    Компанијата „Poelstar“ која до неодамна беше фабричка тјунинг-работилница на „Volvo“, но веќе е посебен производител макар и дел од шведскиот концерн, го претстави својот прв…

  • 65 години еволуција на Corvette (видео)

    65 години еволуција на Corvette (видео)

    Еден од легендарните спортски модели кои ја одбележаа автомобилската индустрија во втората половина од 20-тиот век е „Chevrolet Corvette“. Овој модел наскоро ќе полни 65…

  • Најпопуларните електромобили и хибриди во 2017-та

    Најпопуларните електромобили и хибриди во 2017-та

    Продажбата на електрични автомобили и хибриди низ целиот свет покажуваат стабилен раст. Нов рекорд беше регистриран во август – 103.000 автомобили кои ги нашле своите…

  • Речиси е готов серискиот автомобил на Yamaha

    Речиси е готов серискиот автомобил на Yamaha

    „Yamaha“ е популарна кај мотоциклистите, како и кај музичарите. Сепак, Јапонците многу време беа насочени кон автомобилската индустрија, бидејќи на претстојниот Саем за автомобили во…