24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМасната храна кај децата го зголемува ризикот за развој на ментални болести

Масната храна кај децата го зголемува ризикот за развој на ментални болести

Масната храна влијае на развојот на детскиот мозок, го зголемува ризикот за развој на ментални болести или Алцхајмер, покажаа резултатите од ново истражување.

Според студијата објавена во списанието Molecular Psychiatry, прекумерните количини на шеќер и масти го намалуваат нивото на протеинот реелин кој е клучен за поврзување на невроните. Без овој протеин функциите на мозокот се успоруваат, што влијае на однесувањето и на меморијата. Алармантно ниското ниво на реелинот се поврзува со драстично високиот ризик за развој на Алцхајмерова болест во подоцнежниот живот.

„Промените кои се случуваат се резултат на конзумирање на масни производи кои влијаат на мозокот” – рече еден од истражувачите Урс Мајер.

Мајер оваа теорија ја истражувал со колегата Паскал Чавис од францускиот Институт ИНМЕД. На нивно изненадување, мозочните функции на глувци станале побавни веќе по четири недели од конзумирање на маснотии и шеќери. Оштетувањата на мозокот биле видливи преде да почнат глувците да добиваат на тежина.

Студијата е насочена на дел од мозокот кој е поврзан со донесување на одлуки, изразување на личноста, контролирање на однесувањето и планирање на посложени активности. Реелинот ги регулира врските меѓу невроните дозволувајќи им да станат посилни или послаби кога тоа е потребно.

„Нашето истражување покажа дека квалитетот на храната која ја јадат тинејџерите може да биде многу важен за оптимално созревање на префронталниот кортекс” – вели мари Лабуес, главна авторка на студијата.

Истражувачите тврдат дека добиените резултати можат да помогнат во објаснувањето како нездравата храна и дебелината се поврзани со развојот на невропсихијатриските и невролошките состојби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП