29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако неуспехот да го завртите во успех?

Како неуспехот да го завртите во успех?

Неуспехот делува така што демотивира и депримира, па дури и растажува. Факт е дека и неуспесите се составен дел од животот и не е секогаш можно да се избегнат, бидејќи човекот не е во состојба да ја контролира секоја ситуација и исходот од таа иста ситуација.

Психолозите во последните години развија методи за надминување на негативносто чувство од неуспехот, преку адаптација и претворање на тешкото и болно искуство во нешто конструктивно и корисно.

Ова се 6 интересни факти за неуспехот кои ќе ви помгонат подобро да го разберете, да го прифатите и од него да создадете успех…

1. Неуспехот прави истата цел да делува помалку достижно, бидејќи автоматски ја нарушува перцепцијата за зацртаните цели, продлабочувајќи го јазот меѓу вас и вашите планови. Целите се еднакво достижни како и претходно, но кај човекот доаѓа до промени во размислувањето, бидејќи ја губи самодовербата, чувството за моќ и мотивацијата. Однесувајте се како неуспехот да не се ни случил, игнорирајте ги негативните мисли кои ви го отежнуваат патот до успехот.

2. Неуспехот ја нарушува вашата перцепција за сопствените способности. Освен што прави целта да делува помалку достижна, влијае и на вашето видување за подготвеноста да го остварите тоа што сте го планирале, а своите вештини и интелигенција ги гледате како значително послаби отколку што тие всушност се. Пробајте да го отстраните овој притисок и не се сомневајте во тоа што го можете и знаете.

3. Неуспехот прави да се чувствувате беспомошно. Едно од најчестите и најнепријатни чувства кои луѓето ги имаат по неуспехот е беспомошноста, бидејќи неуспехот педизвикува емотивна болка. Еден неуспех не значи една година или една деценија неуспех, затоа, што поскоро заборавете на она што било и претворете го во иден успех.

4. Неуспехот може да создаде потсвесен страв од неуспех. Некои луѓе мислат дека се плашат од успехот, а всушност се плашат од неуспехот, па затоа не се ни обидуваат да достигнат некои цели. Проблемот со стравот од неуспех е во тоа што тој не е рационален ниту оправдан, а ве запира во постигнувањето на успехот. Фокусирајте се на реални, рационални факти и она што го знаете, умеете и можете да го промените, односно остварите, не мислејќи на неуспесите или грешките од минатото. Гледајте напред!

5. Неуспехот често води до несвесна самосаботажа. Еден од најчестите начини на кои луѓето се обидуваат да се изборат со неуспехот е измислување на изговор и ситуација која може да ги оправда зошто не успеале, а потоа доаѓа до појава на психосоматски симптоми како што е главоболка, болки во стомакот, психолошка криза. На овој начин ги саботираат своите напори и ја зголемуваат веројатноста да не успеат во намерите.

6. Стравот од неуспех може да се пренесе од родителите на децата. Истражувањата покажуваат дека родителите кои имаат страв од неуспех, на свите деца несвесно можат да им пренесат остри реакции или емотивно повлекување, како и став дека неуспехот е неприфатлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП