Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.50 -1.16%    KMB 3,397.25 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

Самсоненко „бега“ од Вардар!

Време: 12:13

Датум: август 11, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сергеј Самсоненко, сопственикот на трите клуба чие обележје е црвено-црната боја, машкиот и женскиот ракометен клуб и фудбалскиот клуб Вардар, најави дека ова е последна сезона во која тој како инвеститор ќе вложува во сите три спортски клуба во Македонија.

Самсоненко денеска со писмо, кое го пренесуваме во целост, ѝ се обрати на јавноста во земјата.

„Почитувани граѓани на Македонија, пријатели!

Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите…

Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?

Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава.

Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго… токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.
Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци… и сакам да кажам, доста е!

Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какви што доживеав во изминативе денови.

Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив.
Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов.

Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија.

По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови.

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина.

На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.

Напред Вардар!

Сергеј Самсоненко

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Пет животни лекции кои ги научиле сите успешни жени

    Пет животни лекции кои ги научиле сите успешни жени

    Секоја успешна жена морала да пројде низ различни фази од животот. Иако денес се синоним за богата кариера и богаство, зад се што денес гледаме…

  • ЗОИ 2018: Колку чинат Олимписките медали во Пјонгчанг? (фото+видео)

    ЗОИ 2018: Колку чинат Олимписките медали во Пјонгчанг? (фото+видео)

    Од емоционална гледна точка, олимпискиот медал може да биде непроценлив. Кој би можел да ја одреди цената на долготрајните напори што мора да му се…

  • Најдобриот сојузник во диетите кој воедно го чува и вашето здравје

    Најдобриот сојузник во диетите кој воедно го чува и вашето здравје

    Јогуртот содржи протеини кои ја зголемуваат силата и калциум кој ги зајакнува коските. Чашка јогурт дневно ве држи подалеку од докторите, но тој има и…

  • Кина ќе преземе одмазнички мерки ако САД воведе давачки за увозот на челик

    Кина ќе преземе одмазнички мерки ако САД воведе давачки за увозот на челик

    Кина соопшти дека предложените тарифите на САД за увезените производи од челик и алуминиум се неосновани и го заслужуваат правото да одговорат со иста мерка…

  • Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

    Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

    Во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од трите работилници за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации. Од општината…

  • Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

    Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

    Општина Центар информира дека в четврток, 22.02.2018 година, ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Општината ги повикува жителите од 8:00 до 13:00 да ги…

  • Samsung го подготвува таблетот Galaxy Tab S4

    Samsung го подготвува таблетот Galaxy Tab S4

    Иако фановите на „Samsung“ со нетрпение го очекуваат претставувањето на новите телефони од серијата „Galaxy S9“, јужнокорејска компанија во подготовка би можела да има и…

  • Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

    Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

    Сајбер нападите во текот на 2016 година на американската економија и нанеле штета која се проценува на 57 милијарди до 109 милијарди долари, се наведува…

  • Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

    Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

    Јубилејниот 25ти по ред „Копаоник бизнис форум“ ќе се одржи од 4 до 7 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Досега присуството го потврдија преку…

  • График на денот: Најбогатите градови во светот

    График на денот: Најбогатите градови во светот

    Кои градови се економските двигатели на светот и кој дел од глобалното богатство е во овие клучни урбани центри? Денешниот график ги прикажува информациите од…