Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,801.99 -1.64%    BESK 10,275.00 -3%    GRNT 810.00 -0.06%    KMB 3,389.73 -0.22%    MERM 800.00 -20%    MPT 29,500.63 0%    OKTA 3,620.00 0.56%    RMDEN16 94.90 0.11%    RZUS 139.00 3.73%    SBT 2,041.00 -2.86%    STB 940.85 0.03%    STIL 139.03 -4.1%    TETE 2,286.67 2.27%    TKVS 3,110.00 2.98%    TNB 13,581.59 -0.42%    TPLF 1,649.90 1.35%    TTK 947.00 -2.97%    UNI 2,050.00 0%    

Барокни дела и музика од Вајл вечерва на „Охридско лето“

Време: 08:37

Датум: август 11, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе донесе два концерти што ќе се одржат во црквата „Света Софија“.

Ансамблот „Маскерина“ од Франција ќе настапи со почеток во 20 часот и 30 минути. Ќе музицираат Себастијан Берета на барокна флејта, Мари Гијоми на виола да гамба и Николас Ватин на теорбо.

„Маскерина“ е основан од виолинистката Гијоми и лаутистот Никола Ватин минатата година за време на нивните студии во Версај. Ансамблот обединува музичари чиј основен интерес е барокната музика. Како дует или поголем ансамбл, „Маскерина“ се посветени на музичко истражување на репертоарот на европската барокна музика од 17 и 18 век, со посебен акцент на автентичната интерпретација на оригинални инструменти и на интеракција со публиката.

Досегашните концерти овој музички состав го водат во Париз, Версај, Марсеј, Бордо, Женева…. а настапуваат и со други ансамбли како Ревеус и Амичи Ме.

По завршувањето на концертот на „Масерина“, во 22 часот, Кабаре „Зборувај тивко“ ќе донесе дела од композиторот Курт Вајл.

Кабарето „Зборувај тивко“ го сочинуваат сопранистката Тијана Ѓуричиќ од Србија, пијанистката Ирина Наумовска од Македонија и српскиот хармоникаш Александар Будимир. Кабарето е обликувано да ги претстави сите фази на творештвото на Курт Вајл, со посебен акцент на делата настанати пред самото заминување од Германија, делата настанати за време на престојот во Париз и непосредно по доаѓањето во Америка.

Транспарентно тематски, стилски и хармонски се забележуваат интертекстуалните преклопувања на сè она што Вајл би го нарекол „живот“ во траење од 60 минути. Вајл е еден од најзначајните композитори на музика за сцена на минатиот век. Тој е роден во Германија, но поголем дел од животот го поминал во САД.

Неговиот авторски опус опфаќа бројни мјузикли, опери, оперети, кабареа од кои особено се истакнуваат оние кои се соработка со Бертолд Брехт. Вајл имал потполна контрола над драматуршката структура на своите дела и со тоа ја зголемувал силата и општественото значење на музиката што ја компонирал.

Отворените прашања на идеологиите, политиката и моќта на музиката како да го опседнувале секојдневно.

Композиторот никогаш не ги заборава своите корени и за разлика од многу други емигранти кои се бореле да го прикријат еврејското потекло, тој бил еден од првите кои обрнува внимание на Холокаустот и неопходноста на подигањето на јавната свест за страдањето на европските Евреи.

Сопранистката Ѓуричиќ е родена во 1983 година во Белград. Одреден период учи соло-пеење со Никола Китановски во Белград, а дипломира на ФИЛУМ во Крагуевац во класата на проф. Радмила Бакочевиќ. Експериментира на полето на звукот и теориски го испитува односот тело-простор-глас. Концертира интензивно (остварува повеќе од 150 самостојни и заеднички концерти) во Србија и регионот, Италија, Франција, Германија и Јапонија. Ѓуричиќ ја претставува српската современа музика премиерно изведувајќи дела на млади автори во 2013 година во Токио и Нагоја. Во заеднички проект со пијанистот Андрија Павловиќ ја претставува Србија на Прашкото квадриенале во јуни 2015 г. Дискографскиот опус го започнува со снимка на делата на Ѓуро Живковиќ „Ај шел контеплејт“ („I shall contemplate“) за сопран и камерен оркестар во 2011 година. Таа е член на Здружението на музички уметници на Србија и професорка на Нова академија во Белград и на Факултетот за технички науки во Нови Сад.

Ирина Наумовска е родена во Скопје (1983). Нижото и средно музичко образование го завршува во Скопје, а дипломира, магистрира и докторира со највисоки оцени на ФМУ во Белград во класата на проф. Јокут Михаиловиќ. Во текот на школувањето соработувала со уметниците: Варди, Накамура, Бероф, Вијардо, Штаркман, Флорес, Нерсесјан и Валдма. Настапувала на концерти и натпревари во Франција, Малезија, Америка, Јапонија, Италија, Грција, Бугарија, Швајцарија, Шведска, Русија, Австрија, Португалија, Шпанија, Чешка, Германија, Мароко, Србија и др. Таа е добитник на 7 меѓународни награди (Мароко, Франција, Италија, Србија, Бугарија) и на 7 први награди на државни натпревари во Македонија. Учествува на фестивали во Италија, Португалија, Австрија, Германија, Јапонија, Македонија („Охридско лето“ и „Скопско лето“). Настапувала со Македонската филхармонија, Швајцарскиот симфониски оркестар „Камерата Швајц“ и со Австрискиот симфониски оркестар. Реализирала аудио и видео-записи во Малезија, Мароко, Македонија, Швајцарија, Австрија, Јапонија и Србија. Во 2014 година Наумовска е член на Меѓународното жири на натпреварот „Охридски бисери“. Ги добила и наградите „Климентина Рафајловска“ и наградата на град Скопје „13 Ноември“. Таа е член на Меѓународната пијано-дуо организација во Токио.

Александар Будимир (Белград, 1989) ги направил првите музички чекори во класата на проф. Љубинка Барбариќ, а за време на академските студии учел во класата на проф. Радомир Томиќ, декан на Музичката академија во Крагуевац. Дипломирал како концертен изведувач-акордеонист во класата на проф. д-р Зоран Ракиќ, кај кого и магистрирал во 2015 година на академијата на Универзитетот во Источно Сараево. Посетувал семинари на светски професори, меѓу кои се истакнува соработката со Владимир Бесфамиљнов (Русија) и Воин Васовиќ (Србија). Го продолжува усовршувањето и на полето на етно-џез жанрот со проф. Драган Васовиќ. Тој е добитник на голем број награди на фастивали и натпревари во регионот и пошироко. Како педагог почнал да работи како професор по хармоника во музичкото училиште „Ватрослав Лисински“ во Белград од 2013 година, а од 2009 година редовно настапува со Тијана Ѓуричиќ, сопран, со која го оформуваат ансамблот „АМОС“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Промоција на збирката раскази „Животот е… убав“

    Промоција на збирката раскази „Животот е… убав“

    Во „Литературно кафе Метаноја“ („Максим Горки“ 19) денес со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Животот е… убав“ од Коста Милков…

  • Германски филмови во Кинотека

    Германски филмови во Кинотека

    Љубителите на филмот ќе имаат можност еднаш месечно, во текот на годината да гледаат германски филмови од различни жанрови, во Кинотеката на Македонија во рамки…

  • Филмот „Честа на офицерот“ вo среда во Кинотека

    Филмот „Честа на офицерот“ вo среда во Кинотека

    Францускиот филм „Честа на офицерот“ од 1977 година в среда во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија. Актерот, којшто почина на 9…

  • Фред Фрит во Скопје на „Скопски џез фестивал“

    Фред Фрит во Скопје на „Скопски џез фестивал“

    Во рамките на својата актуелна европска турнеја, во Скопје доаѓа англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит. Концертот во организација на „Скопски џез фестивал“ ќе…

  • Симон Трпчески доби овации од белгиската публика

    Симон Трпчески доби овации од белгиската публика

    Македонскиот пијанист Симон Трпчески, ја одушеви белгиската публика синоќа во една од најпрестижните сали во земјата, „Бозар“ во Брисел. Заедно со симфонискиот оркестар на белгиската…

  • Солистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

    Солистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

    Македонската филхармонија, за 22 февруари во 20 часот, го најавува концертот „Вокална магија“, на кој како солист ќе настапи извонредниот бас-баритон од Швајцарија, уметник кој…

  • За „Роман на годината“ во вториот круг се 11 романи

    За „Роман на годината“ во вториот круг се 11 романи

    Единаесет романи влегоа во вториот круг за избор на етаблираната награда „Роман на годината“ за 2017 година, која по згаснувањето на „Утрински весник“ продолжува да…

  • Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови

    Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови

    Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови: Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски, Ана Мартиноска, Славица Гаџова Свидерска, Лира Бојку, Тихомир Јанчовски и…

  • Влатко Стефановски ќе биде прв филмски уредник со причина во Кинотеката на Македонија

    Влатко Стефановски ќе биде прв филмски уредник со причина во Кинотеката на Македонија

    Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Програмата…

  • Објавена книгата „Можеби заминуваме“ од чешкиот писател Јан Балабан

    Објавена книгата „Можеби заминуваме“ од чешкиот писател Јан Балабан

    Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата со раскази „Можеби заминуваме“ на чешкиот писател Јан Балабан, во превод од чешки…