25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Skoda Karoq ќе се продава и како Volkswagen

Новата Skoda Karoq ќе се продава и како Volkswagen

Концернот „Volkswagen Group“ се подготвува да понуди на пазарот во Јужна Америка целосно нов кросовер, а за таа цел го патентирал името „Tharu“. Според информациите, во развој на моделот активно учествува и компанијата „Skoda“.

Кросовер ќе биде именуван по еден од народите што живеат во Хималаите, пишува весникот „Auto Papo“. Автомобилот ќе се составува во Аргентина, а ќе нуди висока проодност. Со цел намалување на трошоците сите основни компоненти и агрегати ќе бидат земени од новата „Skoda Karoq“.

Моделот ќе биде достапен само со еден мотор – 1,5-литарски бензински турбомотор, кој развива моќност од 150 КС, и со голем број на системи, кои помагаат за намалување на потрошувачката на гориво. Тоа се турбина со променлива геометрија и систем за деактивација на два од цилиндрите.

За „VW Tharu“ ќе се нуди со исклучиво автоматски менувач, кој ќе ја замени традиционалната за моделите на германскиот производител автоматска „DSG“-трансмисија. Нема да има и систем за погон на четири тркала, бидејќи во овој регион кросоверите со 4×4 не се особено популарни.

Новиот кросовер ќе ја пополни дупката во спектарот, која ќе се формира по запирањето на продажбата на бразилскиот пазар на новата генерација на „Tiguan“. Овој модел ќе продолжи да се нуди само во верзијата со 7 места, додека новиот „T-Cross“, изграден врз основа на „VW Polo“ е со премногу компактни димензии.

Затоа и „VW Tharu“ ќе биде ориентиран кон оние клиенти за кои „T-Cross“ е премногу мал, а „Tiguan“ е прескап. Моделот ќе се појави на пазарот дури во 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП